
Екипите на Гевгелија и Струга ќе се соочат во финалната серија од плеј-офот на Втората женска кошаркарска лига за влез во елитата за следнат асезона.
Двете екипи беа победници во полуфиналните серии откако Гевгелија двапати убедливо славеше над штипска Тим Арена. Во првиот дуел Гевгелија на домашен терен ги доби штипските кошаркарки со 85:23, а во вториот меч во градот под Исарот тимот на Гевгелија славеше со 55:93.
Екипата на Струга со две убедливи победи го доби Гостивар, дома со 56:37 и во гости со 44:69 и закажа соочување со Гевгелија.
Финалната серија се игра според принципот подобар во три натпревари, со предност на домашен терен која ја има екипата на Гевгелија поради подобриот пласман во регуларниот дел од сезоната.
Победникот ќе обезбеди место во Првата женска кошаркарска лига за следната натпреварувачка сезона 2026/2027.
Александар Ванев, М-Нет