Ѕвегорски зелник со праз и ореви, еден од повкусните на манифестацијата ,,Зелникот на баба“ во Пробиштип

Ѕвегорски зелник со праз и ореви, различен во подготвката, останува еден од повкусните на денешната манифестација Зелникот на баба во Пробиштип. Домакинките од таму, велат, различен е марифетот и начинот на сукање, а потоа и сушењето на корите, за да тој добие поинаков вкус. Кога имаат време го подготуваат за околу два часа, но кога работат во нива, знаат да бидат брзи и вредни и да го подготват за само еден час. Важен е и начинот на редењето на корите, за да изгледот е исто личен.

,,Обично го правиме со праз и ореви, посно, а овде и останатите работи се посни. Важното е дека е домашно сукано. За да се направи еден вкусен зелник е потребно од час и половина до два, зависи дали знае да сука бргу. Ако суга бргу може и за еден час. Прво се замеси тесто, па се поделува на делови, малку да постоат, па се сука. Кога ги сукаме, ги потсушиме малку и после веќе ги редиме. Може да се приготвува со праз, урда , спанаќ, исто може и со месо. За делчево е најкарактеристичен со праз и ореви. Jaс имам две снаи и двете знаат да сукаат.“, вели Гошева

Зелникот од делчевско, велат дека секогаш се подгтовува во текот на целата година. Во летниот перод, особено кога се работи физичка работа, а зимниот во текот на големите празници како Василица, Свети Јован и слично. Го подготувват и мрсно и посно, зависи од деновите според православниот календар.

Иван Митев, М-Нет