
Утре ќе бидат одиграни натпреварите од 11. коло од Втората женска фудбалска лига. Лидерот Атлетико на домашен терен ќе се соочи со екипата на Билјанини Извори од Охрид, во натпревар каде битолчанки ќе бидат апсолутни фаворити за трите бодови.
Второпласираниот Вардар како апсолутен фаворит патува во Македонски Брод каде ќе се соочи со екипата на Порече, која е на претпоследното место на табелата со шест бодови на своето конто.
Кочани на домашен терен ќе игра против Борец, во натпревар каде домашниот тим ќе биде фаворит за трите бодови, ова ќе биде дуел на третопласираниот тим и седмопласираниот.
Плачковица на домашен терне ќе се соочи со последнопласираната Победа од Валандово во натпревар каде радовишанки ќе бидат фаворити за трите бодови, а гостинот од Валандово ќе допатува во обид за изненадување со цел да стигне само до вториот сезонски триумф и да направи прогрес на табелата.
Атлетико е лидер на табелата со максилани 30 бодови, Вардар е втор со 27 бодови, Кочани и Плачковица со по 16 бодови го делат третото место. На 5. место е Билјанини Извори со 12 бодови, Борец е шести со седум бодови, Порече е седми со 6 бодови, а на дното е Победа Валандово со само четири бодови.
Александар Ванев, М-Нет