
Утре на програмата се натпреварите од 23. коло Втората македонска фудбалска лига, а веќе се познати и судиите кои ќе ја делат правдата на сите осум второлигашки натпревари.
Штипскиот судија Стојанче Стојанов ќе ја дели правдата на мечот меѓу Арсими и Охрид, Фуркан Идризи ќе ја дели правдата на соочување меѓу екс прволигаши Скопје и Пелистер, Игор Стојчевски ќе биде главен на мечот меѓу Вардар и лидерот Беса во Неготино.
Никола Иванов ќе биде главен судија на дуелот меѓу Караорман и Тетекс, Александар Василев ќе биде главен во Радовиш каде ќе играат Детонит Плачковица и Победа.
Влатко Илиоски ќе биде задолжен за правдата на дербито на Истокот, но и дербито за опстанок меѓу Каменица Саса и Осогово, а пак Јосип Бартон ќе им суди на Новаци и Беласица.
Сите натпревари ќе започнат во 15 часот.
- ДЕЛЕГИРАНИ СУДИИ 23. КОЛО ВТОРА ЛИГА:
Арсими – Охрид, Стојанче Стојанов (Штип)
Скопје – Пелистер, Фуркан Идризи (Тетово)
Вардар Неготино – Беса, Игор Стојчевски (Скопје)
Караорман – Тетекс, Никола Иванов (Велес)
Кожуф – Башкими, Александар Урошевиќ (Тетово)
Детонит Плачовица – Победа, Александар Василев (Скопје)
Каменица Саса – Осогово, Влатко Илиоски (Прилеп)
Новаци – Беласица, Јосип Бартон (Скопје)
Александар Ванев, М-Нет