Плата за живот, а не минимална – синдикатите и невладините организации потпишаа Декларација

Плата за живот, а не минимална. Ова е пораката на синдикатите и невладините организации до властите од шестата Текстилијада од Штип. Со декларацијата, која ја потпишаа бараат промена на формулата за создавање на минимална плата. Барањето е на ниво на Балканот, а истражувањата покажуваат дека мининималната плата во земјите на Источна и Југоисточна Европа е 25 % од платата за достоинствен живот на работниците, а две третини од границата за сиромаштија во ЕУ.

Тука мора да се пресмета да има доволно пари да се прехрани едно четворочлено семејство, да можат на децата да им се купат патики, чевли, да можат да платат комуналии, интернет, телефони. Се она што е нормално во 21 век. Да издвојат за култура, театар, кино, да купат гардероба и да им остане 10 % да можат да заштедат, тоа е Плата за живот.

Платата за живот лани во земјава изнесувала 52.000 денари. Според Кристина Ампева од Гласен Текстилец, иако за оваа и наредната година пресметките не се направени, се очекува таа да биде над 60.000 денари. Зголемување на минималецот мора да има сметаат и од Кoнфедерација на слободни синдикати. Според овој синдикат, ако нема повисоки плати државата ќе остане без работници. Според Ралповски, порастот на просечната плата во земјава не е за да се слави, бидејќи според анализите во изминатите две години се угасиле 120.000 работни места, а во исто време се намалиле и вработеноста и невработеноста.

Синдикатите и невладините организации на 6. Текстилијада во Штип ја потпишаа декларацијата Плата за живот. Оваа барање доаѓа во моменти кога инфлацијата бележи раст. Лебот и маслата во однос на лани се купуваат за 50 % поскапо.

Ребека Спасова М-Нет