Пилешков ќе го суди дербито меѓу Струга и Шкупи, Качевски главен во Гостивар

В недела ќе се одиграат натпреварите од 6. коло на Првата македонска фудбалска лига, а веќе се познати и судиите кои ќе ја делат правдата на сите натпревари.

Александар Ставрев ќе го суди дербито во Кавадарци меѓу Тиквеш и Вардар, Александар Грујоски ќе им суди на Силекс и Гостивар во Кратово, Марјан Младеновски ќе им суди на Шкендија и Воска Спорт, Димитар Пилешков ќе биде задолжен за правдата меѓу шампионот Струга Трим Лум и Шкупи.

Јован Качевски ќе им суди на Беса и Пелистер во Гостивар, а пак Игор Стојчевски ќе им суди на Работнички и Брера Струмица.

Сите натпревари ќе започнат во 15 часот.

Тиквеш – Вардар, Александар Ставрев (Скопје)
Силекс – Гостивар, Александар Грујоски (Кичево)
Шкендија – Воска Спорт, Марјан Младеновски (Скопје)
Струга Трим Лум – Шкупи, Димитар Пилешков (Штип)
Беса – Пелистер, Јован Качевски (Струга)
Работнички – Брера Струмица, Игор Стојчевски (Скопје)

Александар Ванев, М-Нет