Стојанов ќе им суди на Кожуф и Вардар Неготино, Ибраими на Брегалница и Осогово во Штип!

ФОТО: Александар Ванев, Телевизија М Нет

По долгата пауза второлигашите продолжуваат со натпреварување, в недела ќе се одиграат натпреварите од 5. коло, а веќе се познати и судиите кои ќе ја делат правдата на сите осум второлигашки натпревари.

Главен судија во Гевгелија каде што ќе играат Кожуф и Вардар Неготино ќе биде Стојанче Стојанов од Штип, во Радовиш правдата на мечот меѓу Детонит Плачковица и Скопје ќе ја дели Марјан Дејаноски, Бардхиљ Ибраими ќе им суди на Брегалница и Осогово во дербито на Истокот, Владимир Ѓорѓиевски ќе им суди на Борец и Вардарски.

Доне Ристовски ќе им суди на Македонија ЃП и Саса, Игор Иванов ќе ја дели правдата на мечот меѓу Арсими и Новаци, Дејан Младеновски ќе им суди на Беласица и Победа, Александар Урошевиќ ќе им суди на Охрид и Башкими.

Сите натпревари ќе започнат во 15 часот.

Кожуф – Вардар Неготино, Стојанче Стојанов (Штип)
Детонит Плачковица – Скопје, Марјан Дејаноски (Кичево)
Брегалница – Осогово, Бардхиљ Ибраими (Тетово)
Борец – Вардарски, Владимир Ѓорѓиевски (Битола)
Македонија ЃП – Каменица Саса, Доне Ристовски (Гевгелија)
Арсими – Новаци, Игор Иванов (Велес)
Беласица – Победа, Дејан Младеновски (Скопје)
Охрид – Башкими, Александар Урошевиќ (Тетово)

Александар Ванев, М-Нет