„Петровден 2023 Мешеишта“: Ресторан Станица со ШЕСТ гола до нова победа, победи и за Враништа и Стаклара Исмаилоски

Синоќа беа одиграни три натпревари од групната фаза на турнирот во мал фудбал „Петровден“ во Мешеишта.

Многубројната публика уживаше во три интересни и возбудливи натпревари, во првиот воведен меч уживаше во многуте погодоци. Ресторан Станица Викса Пром со 6:0 го декласираше тимот на Игор Бенд Бушиноски, тим кој немаше сили да го запре налетот на разиграниот и расположен противник.

Во вториот меч од 21:30 часот БЗ Груп Враништа со 3:1 го доби дуелот со Дебрца Експрес, а во последниот меч Стаклара Исмаилоски со минимални 2:1 ја доби Арена Мислешево.

Вечерва од 20:30 часот играат Кафе Бар 9 против Св. Троица 2021, од 21:30 часот екипата на Хотел Амбасадор против Враништа и од 22:30 дерби на Др. Баткоски и Гостилница Кај Мече.

Телевизија М Нет е медиумски покровител на овој спортски настан.