Пелистер ги започна подготовките за новата сезона – целта е враќање во Прва лига!

Битолски Пелистер ги започна подготовките за новата сезона од Втората македонска фудбалска лига. Вчера во 16:30 часот беше првиот собир на фудбалерите со новиот тренер Влатко Костов.

На првиот собир се приклучи и новото засилување Симеон Христов, кој доаѓа од редовите на новиот прволигаш Гостивар.

Во стручниот штаб за оваа сезона е приклучен и Вангел Алтипармаковски. Во Битола треба да пристигнат уште неколку нови имињата со кои ќе се комплетира тимот за новата сезона, во која Пелистер ќе атакува на местата кои директно водат во Првата македонска фудбалска лига, а со тоа направи кам-бек во фудбалската „елита“ на Македонија по две сезони поминати во Втората македонска фудбалска лига.