
Денеска е Ппток 13, ден кој кај народот многу време предизвикува несфатливо чувство на страв. Се верува дека на овој ден многумина се парализирани од страв. Коренот на петок 13 или уште познат како црн петок сеуште не е точно определен, но повеќе истражувачи се обиделе да дојдат до конечниот одговор. Поврзувањето на петок 13 со измамата на Ева со јаболкото во рајот се случило во петок, Каин го убил Авел, на тој ден се случила библиската поплава се само дел од настаните кои дополнително придонеле за верувањата на баксузниот ден. Исто така, баксузот се поврзува со бројот 13, па честопати се случува некои луѓе да не дозволуваат на трпеза да седат 13 лица. Денеска петок 13 сеуште е како феномен, но верувањата на луѓето се променети. Истите мислат дека станува збор за суеверие не верувајќи дека денот е поврзан со некаков баксуз. Кога месецот започнува во недела, т.е. кога први е во недела тогаш се случува и појавата на петок 13. Може да се случи еднаш, двапати или трипати годишно, во зависност од месеците. Претходната година петок 13 имавме во септември и декември, а годинава во месец март и ноември.
Лаура Стојанпва М-Нет