Грижата за најпознатиот Штипски локалитет Исарот, ставена на минимум.

Тврдината Исар преставува посебен белег за град Штип. Се наоѓа во западниот дел на градот, каде  што се издига висок рид. Погледот од таму значи можност да се види целиот град, за посетителите можност која ја имаат само Штипјани за да се пофалат. Но, од другата страна зад прекрасноста стои она за што никој не сака да зборува, и не обрнува внимание. Убаво е да , но и загадено, ишарано и не заштитено. Денеска во посета на Исарот, не пречекаа хартија, и кеси, отпад и ѓубре, грда глетка на ишарани споменици, кои се оставени на совесноста на граѓаните, а како што забележавме ја немаше многу. Градот Штип е познат како градот под Исарот, но титулата ја носи без притоа да се води грижа за состојбата на овој познат локалитет. Објаснување за ситуацијата побаравме и од надлежните. Моќноста на Општината се губи пред несовесноста на граѓаните кои воопшто не се грижат и се повеќе ги уништуваат спомен обележјата на град Штип. Неисплатливоста пак оневозможува поставување на чувар, бидејќи не станува збор за само еден спомен – вели Казанџиска. Од одговорниот сектор на Општина Штип упатија апел до граѓаните за подигање на совеста, бидејќи со уништување на градските одбележја си ги уништуваат сопствените пари.

Лаура Стојанова М-Нет