На 6 јануари Бадник каде и да се наоѓате, запрете за миг и запејте: „Вечниот Бог слезе и во Дева се всели, свет, свет си и пресвет Господи…“
Ова е дел од Божикната поворка што годинава, се реализира на друг начин. Околностите не дозволуваат да се организира Божиќна манифестација, ниту да се собираме и формираме поворки. Но, тоа не ги спречува верниците и децата да ја пеат Божикната песна погласно од било кога.
Божиќните честитки се поставени крај Божикната пештера и елка, во дворот на Црквата „Св.Никола“ во Штип. Честитките ќе пристигнат како љубов, надеж, и утеха. Во рацете на болните лица и медицинските работници, при инфективните одделенија ширум нашата земја.
Нека Божикната песна не сплоти во силна заедничка молитва, полни со верба и надеж, да го најавиме Христовото раѓање. На 6 јануари големиот христијански празник во 12 часот, помолете се за подобра година за сите!
Надица Стојковска М Нет