Пацинети од денеска ќе се испраќаат во Италија, Холандија и Белгија, сите се соодветно хоспитализирани

Пациенти со изгореници, вдишен врел воздух и отровни гасови, како и набиеници и скршеници се хоспиталиизрани во болниците во Македонија. Сите се во стабилна сосотојба вели директорот на ГОБ „8 септември“. Најчесто повредите се на главата и дланките.

„Од оние повреди кои пациентите ги имаат кај нас најчесто тоа се изгореници од втор и од трет степен. Едниот дел од повредите се на лицето и шаките. Другиот дел од повредите што ја прави сериозноста на клиничката слика се вдишувањата на врел воздух и отровни гасови од согорување на материјалите и третиот тип на повреди настанале во борбата за живот и тие се повреди од трауматски карактер, во форма на набиеници, скршеници“ – вели Стојаноски.

Сите пациенти се згрижени, некои во болниците во регионот, друг дел заминуваат во подалечни дестинации. Како што пососи Клековски денеска ќе се активираат и Италија, Холандија и Белгија. Во државата има лекари од Чешка и Израел кои има помагаат на македонските лекари.

„Во моментот ситуацијата е таква да и капацитетите во соседството се исполнети и ангажираме подалечни дестинации. Нема ни еден критичен пациент или пациент кој се влошува да не биде згрижен во специјализирана институција за изгореници. Денеска ќе има активирање на Италија, Холандија, Белгија“ – вели Клековски.

Во меѓувреме хоспитализирани се 20 нови пациенти кои кобната нооќ биле во дискотеката во Кочани. Тие ден потоа побарале помош во бболниците во Кочани и Штип, а дел од нив се препратени на понатамошно лекување во Скопје. Од министерството за здравство апелираат сите кои биле на диско да се јават на лекар.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет