
Во четврток на 20 март ќе биде погребот на починатите од катастрофалната несреќа во Кочани. На погребот ќе присуствува и поглаварот на Македонската православна црква, ОА, господин господин Стефан. Како што посочи директорот на ЦУК, од државата е преземено се што е потребно за достоинствен погреб.
„Во оваа прилика би ја информирал јавноста дека погребот на нашите сограѓани, на 59 македонски души ќе биде во четврток, 20 март. На погребот ќе присуствува поглаварот на македонската православна црква, ОА, господин господин Стефан, ќе има и неколку владици. Црквата прави сѐ за овие чеда да бидат испратени на најдостоинствен начин. Од државата е преземено се она што е потребно за достоинствен погреб.“ – вели Ангелов.
Точниот час на погребот ќе биде дополнително утврден. Најмногу починати од трагедијата во дискотеката има од градот Кочани, но и од село Облешево, Оризари, Зрновци, Подлог. Кобната ноќ на диско биле и деца од Пробиштип, Штип, Виница, Скопје.
„Точниот час за погребот ќе го определи Македонската православна црква, бидејќи митрополитот брегалнички Иларион сака да присуствува на повеќето места. Најголем број на жртви има во Кочани, Чешиново – Облешево, Скопје, Пробиштип, Штип.
Во меѓувреме во Кочани се започнати активности за нова парцела на градските гробишта каде же бидат погребани починатите. Донесена е одлука за бесплатно доделување на парцели и погребални услуги за починатите.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет