Паунов: Од второто полугодие, учениците од с. Радање се враќаат во обновено училиште

Од второто полугодие, учениците од с. Радање се враќаат во обновено училиште
Градоначалникот Виктор Паунов, денес најави дека реконструкцијата на училиштето е во завршна фаза и ќе биде целосно готова до крајот на годината. Тој потсети дека досега наставата се одвивала во централното училиште во с. Карбинци, со целосно обезбеден превоз и наставен кадар. Проектот е финансиран со 50% средства од Министерството за локална самоуправа, а остатокот го покрива Општина Карбинци. Новите услови, рече Паунов, ќе им овозможат на децата од Радање конечно да учат во своето матично училиште.

,,Согласно договорот и рокот за завршување на работите сме во една завршна фаза, односно очекуваме некаде до крајот на оваа календарска година целосно овој објект да биде завршен и ставен во функција или практично второто полугодие во оваа учебна година да биде веќе спремно за учениците од подрачното училиште во село Радање да ја посетуваат наставата токму во нивното матично училиште. Да напоменам дека досега заради оваа реконструкција на овој објект, наставата на овие ученици се одвиваше во рамките на централното училиште во с. Карбинци. Овие ученици целосно беа покриени со превоз и со целиот наставен кадар. Се работи за проект кои што е подржан од страна на министерството за локална самоуправа или некаде околу 50 проценти од вкупниот износ, а остатокот е учество на Општина Карбинци.“, рече Паунов

Затоплувањето на училиштето ќе биде целосно проментот, од систем на дрва, од февруари училиштетот ќе се затоплува по пат на парно греење на пелети, рече Паунов

,,Затоплувањето на овој објект ќе биде по пат на парно греење на пелети, кои што ќе биде променет од претходниот систем а тоа е на дрва. Бидејќи тежнееме на модернизирање и на овој дел, така да Радање ќе биде променето со парно греење.“, додава Паунов

Инаку, како што посочи градоначалникот Паунов, целта е училиштето добие модерни услови, кои што ќе ги исполнува сите критериуми за нормално посетување на настава.

Иван Митев, М-Нет