Парични казни и времено затворена кујната во фирмата во ТИРЗ Штип, каде имаше сомнежи за турење, се чекаат резултатите од анализите

Кујната во компанијата во ТИРЗ Штип, каде што шестмина вработени вчера пријавија сомнежи за труење по консумирање оброк, е времено затворена, а на операторот и на одговорното лице им се изречени парични казни.

При инспекцискиот надзор на АХВ биле утврдени помали пропусти во хигиената, поради што е наложено нивно отстранување пред кујната повторно да почне со работа.

Се уште се чекаат резултатите од лабораториските анализи на храната и земените брисеви, кои треба да покажат дали постои поврзаност меѓу оброкот и пријавените стомачни тегоби.

„Во средата, по добиени пријави од ЈЗУ Штип, дека 6 вработени во компанијата се јавиле на лекување со стомачни тегоби по консумирање на оброк во компанијата, испектор за храна од АХВ во соработка со Државниот Институт за јавно здравје Скопје, спроведе вонредна инспекциски надзор во кујната каде се послужувала храна.

Земени се брисеви и мостри за лабараториско тестирање за утврдување на евентуалниот причинител на можно труење со храна. Со назорот констатирани се отстапувања во хигиената од помал обем, за што на операторот и на одговорното лице му е изречена парична казна, а кујната е времено затворена до отстранување на утвредните недоследности“, велат од АХВ

Инаку, вчера и од одделнието по епидемиологија од ЈЗУ ЦЈЗ Штип соопштија дека ќе ја следат состојбата во наредниот период и ќе ја информираат јавноста за состојбата, а при евентуална појава на нови случаи ќе переземат дополнителни мерки согласно законската регулатива.

Иван Митев, М-Нет