
За цели 20 денари поскапе краставицата за само едена седмица на штипскиот пазар, останатите производи со идентична цена како претходниот петок. Пазарџиите во Штип велат скапо – евтино, свежи производи мора да се купат помине седмицата. И додека цените за дел купувачи беа скапи, за друг дел реални, бидејќи како што велат без никаква мака имаат дома тазе домашни производи.
Продавачите на пазарот велат дека според нив цените се реални и дека се достапни за сечии џеб. Кога е во прашање квалитето, велат дека се е домашно и гарантираат дека има квалитет.
Инаку, овој петок почнаа да се продават и првите класје, дополнително и модрата слива, а се продаваше во изобили и праската и вишната. Се продаваше и модар домат и тиквичка за пржење.
Иван Митев, М-Нет