
Паника пред први септември, списокот голем, паричникот речиси празен. Децата избираат, мајките ситно бројат, татковците молчат, а постарите помагаат. Тетратки, пенкала, моливи, гуми, бојци, блокови, а дополнително за ранец и облека, цената по голема. И додека мерките ќе започнат да важат од 15 август, сепак истите недоволни, според граѓаните слабите плати се одраз за ваквата ситуација.
Најмалку 4.000 денари се потребни, за основен училишен прибор, велат граѓаните, а доколу се размислува и за ранец и облека, тогаш трошокот е поголем, додаваат анкетираните.
Инаку, во последната изјава на министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, јасно беше потенцирано дека од 15 август до 15 септември ќе биде спроведена мерката за намалување на цените на училишниот прибор за најмалку 15 проценти. Тој рече дека со оваа мерка ќе се овозможи на секое дете да има неопходен прибор, кои се потребни за во училиште. Граѓаните од една страна очекуваат пад на цените и на прехрамбените производи, со цел учениците имаат и поевтина храна за во училиште.
Иван Митев, М-Нет