
Второлигашот Охрид вчера со минимални 0:1 славеше над Вардар Неготино на Градскиот стадион во Неготино, познат како „Цвај аре“, меч кој можевте да го следите на спортскиот канал М Нет Спорт, меѓутоа наместо мечот да заврши како што доликува за една фудбалска игра, по истиот инциденти со што самиот меч падна во втор план, а во прв план беа инцидентите.
Веднаш и Охрид реагираше за ваквите настапи преку сооштение, а преку кое охридскиот второлигаш вели дека нивните фудбалери биле физички нападнати од неофицијални лица, дополнително велат дека поради лошата организација на домаќинот можело многу лесно да дојде до ситуација која не може да се контролира.
- ОФИЦИЈАЛНО СООПШТЕНИЕ НА ГФК ОХРИД:
„Во текот на вчерашниот ден одигравме натпревар во Неготино каде што фудбалската игра беше ставена во втор план поради настан кој што нема допирна точка со фудбалот и спортот. Поради лошата организација на домаќинот дојдовме до ситуација која не може да се контролира и многу лесно можеше да ескалира до поголем инцидент. По завршувањето на натпреварот нашиот голман како и уште неколку наши фудбалери беа физички нападнати од неофицијални лица кои што без никаков проблем се најдоја на теренот. Исто така и во претходната сезона бевме сведоци на слични случувања во Неготино, но немаше реакција од наша страна. ГФК Охрид Лихнидос како домаќин ги има пречекано сите натпревари крајно фер и спортски без ниеден инцидент. Ние како клуб бараме реакција од одговорните лица на федерацијата. Вакви сцени за жал го уназадуваат македонскиот спорт.“
Во продолжение можете да ги погледнете инсертите од инцидентите по мечот во Неготино.
- ИНЦИДЕНТИ ПО ЗАВРШУВАЕЊ НА МЕЧОТ: ВАРДАР НЕГОТИНО – ОХРИД:
Останува да видиме како Фудбалската федерација на Македонија ќе реагира на овие инциденти и дали ќе има некои санкции за клубот домаќин на овој меч.
Александар Ванев, М-Нет