Радува фактот што е голем интересот за планинарење, голема е свеста кај луѓето за загадувањето

Интересот за планинарење расте, а и се повеќе луѓе ја добиваат свеста за зачувување на плнините и организирање на еко акции посочи планинарот Милорад Ангелов. Тој додава дека радува фактот што на планините се забележуваат многу љубители на природата кои своето слободно време го минуваат на планина, шетаат и се рекреираат.

„Навистина последните години после короната интересот за планинарење е навистина огромен и се повеќе и повеќе љубители на природата ги среќаваме во планините и тоа мене лично како планинар и човек ме радува. Затоа што интересот е се поголем, се почесто гледаме љубители во природната на планините како шетаат, како се рекреираат и како еколошки одржуваат акции.“ – изјави Ангелов

Радува фактот што се помалку и помалку се среќава губрива расфрлани по планините бидејќи мал е бројот на несовесни граѓани кои отпадоците ги фрлаат во планина. Но повеќето луѓе ја добиваат свеста дека планините треба да се чуваат и не треба да се загадуваат бидејќи тие се нашите извори на здравјето.

„Се помалку и помалку навистина има од некои несовесни, но ние како друштво на планинарски спортови Лисец од Штип сме одговорно друштво и секогаш организираме еко акции. Оваа година навистина на планината Плачковица имавме успешни еко акции, го чистевме врвот Црквиште, ново изградената црква св.Спиридон, потоа ги чистевме кањоните. Среќаваме отпад, но се помалку и помалку и тоа е навистина за почит и респект. Се повеќе луѓето ја добиваат свеста дека планините треба да се чуваат и не треба да се загадуваат, бидејќи тие се нашиот извор на здравје.“ – додава Ангелов

Ангелов посочи дека годинава како одговорно друштво се насочени кон организирање на еко акции осебено на планината Плачковица, а со тоа исчистен е врвот Црквиште, околу ново изградената црква св.Спиридон и со чистење на кањоните.

Лаура Стојанова, М-Нет