
Со изборот на жетварската убавица утре започнува 33. издание на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз 2024“. На летната сцена во паркот на револуцијата во Кочани, пријавените кандидатки за убавици ќе се престават пред пристутните во народна носија и во модерно издание. Настаните продолжуваат со голем концерт на Каролина Гочева.
„Во петок иамаме отворање на манифестацијата, но пред свечечнотоо отворање го имаме уметничко колутурниот перформанс Избор на жетварска убавица. Тоа е еден мошне интересен перформанс, сега ќе имаме класичен избор со жири комисија и награди“ – вели Илиевска-Ѓоргиева.
Настаните продолжуваат и во деновите од викендот. Во сабота ќе бидат изложени дела од ликовната колонија Свети Пантелејмон, ќе се реалзира дефиле низ центарот на градот. Главните настани се закажани за недела во село Ориозари каде се изврши традиционалното зажнејување со срб, и вршидба на ориз.
„Оваа година Оризари ќе биде домаќин на зажнејувањето. Ќе се појде во нивата, и оваа година зажнејувањето ќе го вршат пензионерите, со здравица, благослов, за жнеат со срб, низ песна. Потоа следува вршидбата на гумно кое ќе биде пред црквата во Оризари“ – додава Илиевска-Ѓоргиева.
Настаните завршуваат со дегустација на храна од ориз, како и прогласување на најдобар оризопроизводител. Годинава храна ќе се готви и на лице место, а ќе има преставници и од Армијата на државата. Дополнително ќе бидат преставени три етно катчиња во кои ќе бидат изложени стари носии, предмети и слично. Ќе има гости од Бругарија, Србија, Црна Гора, Унгарија.
Лаура Стојанова М-Нет