
Градскиот фудбалски клуб Охрид Лихнидос денеска (12 јануари) официјално ги започна подготовките за вториот дел од сезоната, означувајќи старт на зимскиот подготвителен период.
Фудбалерите на охридскиот тим се собраа на првиот тренинг со јасен фокус на физичката подготвеност, уигрување и темпирање на формата за претстојните натпреварувачки предизвици. Стручниот штаб ќе работи по утврден план, со цел екипата подготвена да го дочека продолжението од шампионатот.
Во рамки на подготовките, Охрид Лихнидос планира да одигра пет контролни натпревари, кои ќе послужат како важна проверка на формата и можност за тестирање на играчкиот кадар. Од клубот најавуваат дека во наредните денови ќе следуваат и детални информации за противниците и термините на пријателските средби.
Со почетокот на подготовките, Охрид Лихнидос го насочува погледот кон пролетниот дел од сезоната со амбиција за Прва лига.