
ФК Пелистер денеска потврди второ заминување од тимот, откако по претходната разделба со Јорданчо Наумоски, клубот официјално соопшти дека Филип Тодороски нема да биде дел од екипата во продолжението од сезоната.
Играчот од средниот ред ја завршува својата епизода во зелено-белиот дрес, а од таборот на Пелистер упатија благодарност за неговиот професионален однос, посветеноста и придонесот во настапите на тимот во изминатиот период.
Со двете заминувања во еден ден, станува јасно дека во Битола е започнат процес на реорганизација на играчкиот кадар во пресрет на вториот дел од сезоната. Од клубот најавуваат дека во наредниот период ќе следуваат дополнителни активности поврзани со комплетирањето на ростерот и подготвување на тимот за претстојните предизвици.
Пелистер, по овие промени, го насочува фокусот кон стабилизирање на составот и создавање конкурентна екипа, со цел позитивен настап во продолжението од шампионатот.