ОФИЦИЈАЛНО: Службени 0-3 за ФК Скопје, суспензија за теренот на ФК Каменица Саса

Комисијата за натпревари при ФФМ официјално потврди службена победа од 0:3 за екипата на Скопје, за мечот од 15. коло на Втората лгиа кој беше прекит при 1:1.

Како што веќе информираше М Нет телевизија, натпреварот во Македонска Каменица беше прекинат во 71. минута при 1:1, а дополнително е донесена одлука за суспендијта на теренот на Каменица Саса, одлуката е во сила се додонесување на конечна одлука на Дисциплинксата комисија на ФФМ.

„Одлуките на Комисијата за натпревари се донесени врз основа на извештаите на официјалните лица од натпреварот (судии и делегат). Натпреварот ФК Каменица Саса – ФК Скопје беше прекинат поради вербален и физички напад на претставници на гостинската екипи“, се вели во соопштението од ФФМ.

Саса со оваа сега има 24 бодови и се наоѓа на 6. место, а пак Скопеј со 22 бодови дојде до осмото место.

Александар Ванев, М-Нет