
Оризот ќе исчезне како и шеќерната репка, оризопроизводителите сѐ уште чекаат за откуп на нивниот ориз. Велат амбарите стојат полни со ориз, а тие без пари. Иако на откупувачите им е понудено решение, сепак резултат на виделина нема. Здраво Арсов од село Облешево дециден дека во иднина се помалку ќе се произведува ориз, па за неколку година државата ќе биде доведена во ситуација да мора да увезува храна.
„Откуп на оризот нема, никој не откупува. Понудено им е решение на откупувачите тоа е 100 евра по тон за извос, значи ако извезе еден тон ќе му дадат 100 евра. Ама под услов да го откупуват 35 денари и 40 денари. За жал и таа мерка не е прифатена, откупувачите калкулираат и гледаат земјоделецот да го искористат.“ – вели Арсов.
Немаат пари да ги покријат трошоците, да платат сметки за струја, а допонително на ова не останува ништо ниту за празнците. Цела година макотрпна работа, за на крај полни амбари ориз кој никој не ги откупува.
„Како да ги сервисираме основните работи, лична хигиена, струја, ние сме ставени во многу незавидна состојба“ – додава Арсов.
Цената од 35 до 40 денари за килограм е профатлива за оризопроизводителите, но проблемот лежи во тоа што нема кој да го откупи оризот. Бараат брзо решение од страна на надлежните за да може и догодина да се произведува белото злато.
Лаура Стојанова М-Нет