
Денес во Фудбалската федерација на Македонија беа извлечени двојките за четвртфиналето од Купот на Македонија.
Ждрепката посака во четвртфиналето во Радовиш второлигашот Детонит Плачковица да се соочи со Шкендија, Вардар ќе игра со Силекс, Брера Струмица ќе го пречека второлигашот Арсими, а дерби ќе има меѓу Струга и Гостивар.
Шест прволигаши и два второлигашите Арсими и Детонит Плачковица кои за првпат ќе настапуваат во четвртфиналето од Купот. Четвртфиналните натпревари ќе се одиграат на 26. февруари следната година со почеток од 14 часот, а ќе се одигра само еден натпревар.
Александар Ванев, М-Нет