ОФИЦИЈАЛНО: Службена победа за Шкендија и суспензија на стадионот на Шкупи

На вонредна седница по повод инцидентот на денешниот натпревар Шкупи – Шкендија од 1/4 финалето од Купот на Македонија, Комисијата за натпреварување на ФФМ донесе одлука тимот на Шкендија, службено со 3:0 да го добие натпреварот со Шкупи. 

Теренот на Шкупи, стадионот во Чаир, се суспендира за одигрување на првенствени и куп натпревари. Шкупи се предава на Дисциплинска комисија на ФФМ. 

Шкупи мора да пријави терен за одигрување на натпреварите како домаќин најмалку 100 километри оддалечен од стадионот Чаир во Скопје.