
Автомобил пропадна во дупка по ископ на ЈП ,,Исар”. Утринава екипа на ЈП ,,Исар” работеше на санација на дефект на главната водоводна линија на ул. ,,Христијан Карпош”, поради што до санација на дефектот водоснабдувањето беше прекинато на оваа улица и на дел од ул. ,,Маршал Тито”.
Меѓутоа, поради активностите, теренот сѐ уште не е вратен во првобитната состојба. На оваа локација патничко моторно возило попладнево пропадна во ископаната дупка.
На терен се екипи на ЈП ,,Исар” и СВР Штип, а повеќе информации се очекуваат во текот на утрешниот ден.

