ОФИЦИЈАЛНО: Силекс се засили со Халил Мухаремовиќ

Кратовскиот прволигаш Силекс и официјално се засили со Халил Мухаремовиќ. 25-годишиот Црногорец доаѓа од црногорскиот клуб Искра од Даниловград, а со Силекс потпиша договор од две и пол години.

Фудбалерот од Бар во својата кариера покрај за Искра има настапувано и за Подгорица, Петорвац и Отрант од Улцињ. Настапот во македонскиот шампион за Мухаремовиќ ќе биде прв интернационален предизвик.

Покрај со Мухаремовиќ, Силекс претходно се засили со Марко Ѓорѓиевски и Хамза Рамани, а пак Бојан Рајков и Дарко Анѓелески ги продолжија договорите со Силекс до 2025 година.