Отстранетата цистерна со нафта и денеска ги „дрма“ власта и опозицијата во Штип

Улиците во центарот на Штип се уште се со песок што преставува опасност за возачите и учесниците во сообраќјот, посочија денеска на прес конференција од ОО на СДСМ Штип. Согласно Закон велат во рок од 24 часа улицата требало да се врати во правобитна состојба, додавајќи дека штетата е голема од течењето на нафтата.

„Јорданов наместо да се фали со шминка, а генерира бројни афери и кривични дела да одговори на следниве прашања: Дали во текот на вчерашниот ден на терен е излезен општински и државен инспектор за животна средина, дали има согласност од сопствениците на цистерната со нафта за нејзина дислокација, дали улиците ќе се вратат во правобитна состојба после оваа еколошка катастрофа? Зошто не беше организиран сигурен и безбеден траспорт на цистерната“ – прашаа од ОО на СДСМ Штип.

Како локална самоуправа го слушаме гласот на граѓаните и одговараме на нивните потреби, Штип наскоро ќе има три катни гаражи, вратија од кабинетот на градоначалникот.

„Штип наскоро ќе има две катни гаражи, а во тек е проектирање и на третата катна гаража. Како локална самоуправа го слушаме гласот на граѓаните и одговараме на нивните потреби. На штипјани им е доста од деструктивните политики и негативните кампањи од страна на луѓето од СДС кои во минатото имаа можност да направат нешто за градот, но потфрлија на сите полиња. Доказ за нивната неспособност и деструктивност се клиничката болница, затворениот базен, жичарата на Исарот, аква паркот на Суитлакот и уште многу други лаги и нереализирани проекти. Затоа за неколку денови од сега,ќе бидат само едно лошо минато. “ – вратија од Општина Штип.

Цистерната кај „НАМАТА“ беше дислоцирана вчера, а препирки меѓу власта и опозицијата на оваа тема имаше и во текот на вчерашниот ден.

Лаура Стојанова М-Нет