
Се стеснува кругот на екипи кои ќе се борат за опстанок во ракометната Суперлига на Македонија. Еурофарм Пелистер 2 е на врвот од табелата во плеј-аутот односно сегментот за опстанок со 21 бод, колку што има и Прилеп кој сега е втор. На третото место кое води во баражот за опстанок е Куманово со 20 бодови.
Практично овие екипи и ќе се борат за првите две места кои гарантираат сигурен опстанок во Суперлигата, како и за третото место кое води во баражот за опстанок.
Вардар Неготино по поразот од конкурентот Куманово останува на 4. место со 15 бодови, дури пет помалку од Куманово кој е трет, па неготинци ќе имаат речиси многу тешка задача да дојдат до третото место.
На петтото место со 14 бодови е Мулти Есенс, па шансите за дебитантот во Суперлигата за опстанок се сметуваат на минимум, а пак Голден Арт е шести со 10 бодови и оди кон испаѓање во Прва лига. на седмото место е Скопје со само шест бодови, а на дното со еден бод е Аеродром, кој сезоната ја заврши пред и да го почне пролетниот дел кога беше дисквалификуван.
Александар Ванев, М-Нет