
Најгололем дел од повозрасните штипјани се вакцинирани против сезонски грип, ама младите избегунуваат вакцини па се враќаат стари болести согласни се дел од анкетираните. Во период кога лекарите најавуваат пик на вируси и грип, согласни се дека вакцината делува како заштита, но и дека треба да се вакцинираат децата за да не се појавуваат болести како големата кашлица, на пример.
„Па заштита е сега овој период, повозрасните примат вакцини, за помладите дали ќе има. Напаравија со тие малите што не ги вакцинираат и се случуваат лоши работи. Не е добро. Вакцини се примале од време и треба да се примаат.“ – велат граѓаните.
Со топли напитоци и не често излегување од дома, граѓаните велат на различни начини веќе почнале да се штитат себе си од грипот и настинката. Сепак децидни се дека вакцинирани може полесно да поминат и со многу полесни симптоми.
Во претходниот период, лекарите постојано апелираа до родителите и граѓаните да се вакцинираат децата и тие самите со цел да не се шират заразни болести. Амбулантите веќе се полни, а пикот допрва се очекува. Големата кашлица зема замав и во државата, но и во соседните земји.
Лаура Стојанова М-Нет