Отворено 37. издание на Штипско културно лето

Со преставување на хорот „Света Злата Мегленска“ вчеравечер се отвори 37 издание на штипско културно лето. За прв пат настанот започна на отворено пред црквата во штипско Ново Село. За првиот човек на градот чест и задоволство е што оваа манифестација се негува во Штип и граѓаните имаат во што да уживаат.

„Оваа манифестација е значаен белег на културното живеење на градот во текот на летните месеци. Со своето долгогодишно безмалку 40 децениско постоење претставува потврда дека граѓаните на овој град имаат голем интерес и изграден вкус за културата и уметноста“ – кажа Јорданов.

Вечрта продолжи со настап на „Студени нозе“ во дворот на Дом на Млади Штип. По речиси 30 години оваа група повторно се врати на сцената пред штипската пубика и овозможи вистинско уживање.

„Чест и задоволство ми е што сум ете меѓу првите и посакувам добра забава, добра журка. 1997 година со тогашниот бенд , тоа се неполни 30 години, на ова исто место, пред оваа публика го направивме еден од најдобрите и најпсетувани концерти во Македонија на тогашната наша летна турнеја.“ кажа Фиц.

Многу концерти, музички хепенинг, промоција на монографија и ликовна изложба се само дел од настаните кои штипјани може да ги проследат во текот на месец јули.Богата програма најстарата штипска културна манифестација ќе понуди се до 27 јули, кога летото ќе се затвори со презентација на краткометражни етнолошки филмови.

Лаура Стојанова М-Нет