
Радовишкиот второлигаш Детонит Плачковица ги промовираше новите засилувања за сезоната која стартува утре, а беа претставени вкупно осум засилувања, две од нив доаѓаат од Штип.
Радовишани се посилни со Филип Димоски кој доаѓа од Осогово, Леонид Кофилоски кој пристигна од Охрид, Махир Ајрули од Шкендија Арачиново, Асан Рифадов од Шкупи, Давид Голубов од Тиквеш, Зоран Андонов од Силекс, како и штипјаните Бранимир Иванов од Брегалница и Марио Аџијев од Каменица Саса.
Атмосферата во тимот е одлична, ликот на Детонит Плачковица во однос на претходната сезона е доста изменет, со млади играчи, но и со фудбалери кои зад себе имаат големо искуство.
„Очекувам една добра сезона, реално сум позитивно изненаден од екипата, од работењето на сите играчи, како од мене така и од сите други и очекувам една позитивна сезона да имаме сите“, вели Димоски, кој е повратник во дресот на Детонит Плачковица.
Новата сезона Детонит Плачковица ја отвара утре против ланскиот прволигаш Шкупи во гости.
Александар Ванев, М-Нет