
Второлигашот Осогово загуби на денешниот пријателски меч од екипата на Каменица Саса, со минимално 0:1.
Натпреварот се одигра во кочанското село Подлог каде двете екипи ја проверуваа формата, а тренерите шанса им даваа на сите фудбалери за да ја проверат нивната форма.
Стрелец на победничкиот гол за “рударите” беше Тони Мичковски.
Пред Осогово под водство на новоот стратег Крсте Крстев е пеколна борба за опстанок во Втората лига.
Александар Ванев, М-Нет