
Второлигашот Беласица за пролетниот дел од сезоната се засили со Огнен Здравковски.
Здравковски кој е роден 2004 година е играч кој ги покрива крилните позиции и ќе претставува огромно освежување во ростер на струмичкиот второлигаш, а доаѓа од редовите на Вардар.
Беласица настапува со млади играчи, надополнет ростер со 2 до 3 поискусни играчи кои се легенди на клубот.
Пролетниот дел Беласица го отварa против Арсими на домашен терен, а во сабота ќе одигра пријателски меч со Детонит Плачковица во Струмица.
Александар Ванев, М-Нет