
Второлигашот Детонит Плачковица со 0:2 славеше над прволигашот Брера во Турново на стадионот “Кукуш” на пријателски меч.
Одличен меч за радовишани кој до овој триумф стигнаа преку двата гола на новото засилување Дамјан Масевски.
Во првиот дел од мечот мрежите мируваа, а во второто полувреме беа постигнати двата погодоци за победа на радовишани.
Детонит Плачковица следно ќе се тестира со Беласица во Струмица, а пак Брера ќе одигра пријателски меч со бугарскиот тим Марек Дупница.
Александар Ванев, М-Нет