
Ниската откупна цена на белиот ориз и оризовата арпа под знак прашалник ја става жетвата на белото злато. Оризопроиводителите велат ако пред почетокот на жетвата не се одреди цената, Владата да го жнее оризот. Истовремено, најавуваат нов штрајк со блокада на патниот правец Кочани Штип кај село Облешево, на неопределено време се до исполнување на нивните барања.
„Со овие трошоци, со вештачките ѓубрива за 250 до 300% зголемени, и од овде нашита барањеа се 40 денари оризова арпа и 80 денари бел ориз. Ние најпрво ќе бараме средба со премиерот и со Министерот за земјоделие, доколку таа средба не се остваре на 16 ќе направеме еден од поголемите масовни протести во државата. Протестот го предизвикува Владата, земјоделците се ставени, ние сме социјален случај во државата,“ – вели Арсов.
Во амабарите стои околу 10 % од ланската реколта на ориз, вели Арсов а цената на оризвата арпа е од 22 до 25 денари. Но, ова е резултата на инфалцијата и покачувањето на цените на сѐ останато.
„Цената се движи од 22 до 25 денари. Производство оваа година мислам дека ќе биде намалено некаде од 30 до 40%, некоја болест се појави и тоа е проблемот, што тие пестициди ние ги увезуваме од Грција или Италија. Ние немаме наш пакет, значи неодговорноста на државата за увоз на тие пестициди што се потребни за оризот.“ – додаде Арсов.
Оваа година се очекуваат 22 илјади тони оризова арпа или околу 10 до 12 илјади тони бел ориз.
Лаура Стојанова М-Нет