Алармантен проблемот со огревни дрва во Штип, следува тешка зима

И денеска во просториите на здржението на пензионери Штип се враќаа назад парите за огревно дрво. Штипските пензионери кои од месец март оваа година плаќале за да добијат дрва сега ги земаат парите назад, бидејќи добавувачот ја покачил цената на дрвата. Револтирани велат следува тешка зима, бидејќи не само дрвата цената расте на сѐ. За дупло велат е покачена и цената на пелетите, а на струја во никој случај не е исплатливо да се греат.

„Многу скапи сега, 4000 денари е еден метар кубен, па сѐ е скапо веќе дупло сѐ е качено. Јас сум сама, тешко многу тешко јас сум стечајка, со 9.200 денари живеам, а сѐ се качи, сѐ е дупло качено“

Оваа година проблемот со дрвата за греење е двостран, од една страна дрва нема, од друга страна се со многу висока цена. Од Здружението на пензионери во Штип целосни и подетални инфорамции истакнаа дека ќе има по празниците. Инаку, над 500 пензионери се извисени за дрва во Штип и над 750 во Кочани.

Лаура Стојанова М-Нет