25 годишниот штипјанец, поранешен младински репрезентативец и играч на Брегалница Бобан Георгиев направи трансфер во босанскиот клуб Леотар кој потпиша договор на една година. Георгиев кој ќе игра на позиција напаѓач веќе в недела ќе го има првиот предзивик во новиот клуб во натпреварот во рамките на третото коло од новата натпреварувачка сезона каде Леотар игра против Широки Бријег.Инаку босанскиот клуб Леотар се натпреварува во силната Премиер лига на Босна и Херцеговина, еден од најстарите клубови со седиште во Требиње.Во својата прва сезона во Премиер лигата на Босна и Херцеговина, Леотар го има освоено националното првенство и се квалификуваше за Лигата на шампионите на УЕФА.
Инаку Бобан Георгиев во неговата професионална фудбалска кариера има играно за штипска Брегалница, Борац Бања Лука, Радник и Силекс
