
Деновиве треба да биде позната корегираната производа цена на оризовата арпа, во спротивно оризопроизводителите од кочанско излегуваат на протест. Претходната недела по оставрената средба со министерството за земјоделство, земјоделците очекуваат новата производна цена да биде 27 денари за килограм, бидејќи сегашната од 23 денари е прмногу ниска.
„ Ова што се случува со откупот е катастрофа. Во амбарите речиси ни стои целата реколта од 2025.дали 5% е откупено. Откупувачите не откупуваат, а ние сме доведени во многу тешка ситуација. Ние баравме откупна цена околу 40денари за килограм арпа, за и ние земјоделците работиме со некаква добивка“ – вели Максимов.
Кочанските оризопроизводители велат дека без редовен и организиран откуп, оризот и понатаму ќе остане непродаден.
„Со редовен откуп да започнат откупувачите, бидејќи и да имаме цена доколку откупувачите не ни го земаат родот, оризот повторно ќе ни стои во амбарите. Како што реков само 5% е откупено, а тоа што е откупено е по основ на тоа што они им имат дадено репроматрејали и тоа си го наплаќаат, а откуп не се врши„ изјави Максимов.
Максимов вели дека на терен веќе се преземаат одредени мерки, а ќе следуваат и санкции против откупувачите, доколку се утврдат неправилности. Според проценките од ланската реколта произведени се од 20 и 24 илјади тони оризова арпа.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет