
Камерите кои ќе бидат поставени на 156 локации во Штип нема да се користат за регистрирање на прекршоци во сообраќајот. Истите во наредниот период ќе бидат поставени во училишни дворови, градинки, паркови, јавни површини, а со помош на истите ќе се регистрираат девијантни однесувања и унипштување на урбана опрема во градот. Ќе служат и како доказен материјал кој ќе се користи од страна на МВР, но и останатите институции.
„Ќе имаат функција на контролирање и видео надзор на јавна површина за заштита од девијантно однесување, уништување на урбана опрема и ќе служат како доказен материјал во одредена постапка на СВР Штип. Ќе се забележува девијантно однесување оти станува збор за паметен систем, кога има одредена појава тој ја регистрира и дава информација.“ – вели Јорданов.
Кога се во прашање камерите за Безбеден град, Јорданов посочува дека најверојатно ќе биде имплементоран во втора фаза согласно најавите од Министерството за внатрешни работи.
„Сообраќајните прекршоци повторно ќе кажам нема да бидат во оваа фаза затоа што тоа е друг софтверски систем кој е имплементиран во главниот град и во некоја втора фаза верувам, согласно најавите на МВР ќе биде имплементиран за сообраќајни прекршоци во останатите градови од државата вклучувајќи го и Штип.“ – кажа Јорданов.
Безбеден град почна да функционира во Скопје, Тетово и Куманово од 1 февруари, а за почеток ќе санкциоонира четири вида на прекршоци. Глобите се во износ од 15 до 500 евра.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет