
Големи успеси забележаа борачите и борачките на борачкиот клуб Киро Ристов од општина Карбинци на Државното првенство за пионери и младинци кои се одржуваше во Штип.
Пионерките постигнаа историски успех, при што го освоија првото место во екипна конкуренција, а во поединечна конкуренција во своите категории Леа Тасевска и Софија Велинова ги освоија првите места, а пак Мелани Пановa второ место. Во машка конкуренција – пионери: Павел Митев, Наум Крстев и Милан Андов ги освоија третите места.
Во однос на Државното првенство во борење слободен стил за младинци односно У-20 во женска конкуренција Викторија Спасовска го освои второто место, а пакј Ангела Глигорова трето место, во машка конкуренција Стефан Стоилков го освои третото место.
Градоначалникот на општина Карбинци, Виктор Паунов денес во својот кабинет ги прими младите борачи и им го честиташе овој успех, истакнувајќи поддршка и во иднина со цел уште поголеми успеси.
„На мое огромно задоволство денес имам чест да во мојот кабинет на еден работен состанок во една пријатна атмосфера, да ги примам успешните резултати на борачите од БК Киро Ристов од општина Карбинци. Ова се должи на последно постигнатиот успех на државно ниво, кое што овој мал боречки клуб успеа да го освои, а тоа е првото место на државно ниво во женска категорија. Искрено сум задоволен и горд на постигнатите резултати затоа што се ставам еве како градоначалник и од страна на клубот кој што своевремено заеднички го формиравме и го поддржуваме до ден денес во целост како општина пред се во своите можности. Денес овие резултати навистина не’ прават дополнително горди и чест ми е што можеме да кажеме дека еден мал клуб од една мала општина ги има ваквите престижни награди, како што се пред се на државно ниво, но и многу успеси и на индивидуален план, коишто ги постигнаа во изминатиот период. Им честитам на раководството, им честитам на успешните натпреварувачи коишто беа дел од од оваа натпреварување и им посакувам и понатаму да имаат се подобри успеси, а општината ќе продолжи да придонесува во делот на самата финансиска поддршка на клубот, но и се она што е рамките на можностите на општина Карбинци“, рече градоначалникот на општина Карбинци, Виктор Паунов.
Тренерот Трајче Димков истакна дека овие резултати за клубот се историја, но и обврска во иднина за уште поголеми резултати.
ИЗЈАВА 747G2960 Трајче Димков, тренер БК Киро Ристов 02:16 (ние сме клуб) до 03:28 (резултати)
„Ние сме клуб како што кажа и градоначалникот растеме и буквално сме формирани заедно со неговиот мандат и овие четири години веќе се етаблиравме на ниво на Македонија. Сега имаме еден така можеби историски успех кој на некој начин го постигнаа младите младите борачки на БК Киро Ристов, односно освојувајќи го првото место во екипна конкуренција, тоа е Леа Тасевска, Софија Велинова и Мелани Панова, две први места и едно второ место и екипно прво место. Во машка конкуренција Павел Митев, го освои третото место Наум Крстев, Милан Андов, таму настапивме со девет борачи, значи имавме шест медали. Борачите до 20 години освија исто така три медали, Викторија Спасовска беше втора, Ангела Глигорова трета и Стефан Стоилков беше во машка конкуренција исто така трет. Овие резултати за нас се историја, меѓутоа и обврзувачки момент бидејќи сега од тука натаму не става на мапата на боречките клубови малклу на повисоко ниво и ќе треба да претендираме понатаму и да правиме повисоки резултати“, рече тренерот на БК „Киро Ристов“, Трајче Димков.
Боречкиот клуб Киро Ристов веќе се насочува кон другите предизвици – веќе следната недела клубот ќе настапи на две првенства во Штип за борачи до 17 години и до 23 години, а потоа доаѓа и сениорското првенство, а клубот ќе се насочува и кон меѓународните предизвици кои ќе ги има.
Александар Ванев, М-Нет