
По објавениот јавен повик од Владата за аплицирање на инфраструктурни капитални проекти, општините во Истокот подготвени за истите. Според општините, Берово има подготвено најмногу проекти за апликацирање, дури 9, а веднаш по тоа и општината Пехчево со три. Општина Македонска Каменица со два, додека Штип располага со еден проект. Согласно апликациите сите општини очекуваат одобрување и понатамошно реализирање на истите.
“Ние веќе имаме спремано два проекти со кои ќе аплицираме по овој повик, нели имаме два повика. Едниот е во септември, додека другиот во јануари, така да за сега сме спремни. Се работи за две улици, улицата Питу Гули и улицата Колачевско маало. Околу 17 милиони е инвестицијата, каде што улицата Питу Гули ќе биде целосно нова, додека другата ќе биде само реконструкција.“ истака Атанасовски
Кога станува збор за деветте проектите од Општина Берово во нив таа вклучува патна инфраструктура се со цел градот да добие уредени улици и тротоари, партерно уредување околу пазарот во градот, реконструкција на отворени канали за атмосферска вода, како и осветлување околу беровското езеро. Проектите од Општината Пехчево во своите три проекти вклучува патна инфраструктура, додека Штип со проектот аплицира за реализирање на обиколница од населба Железничка до бања Кежовица и за истиот вредноста изнесува еден милион 900 000 евра.
Со овие аплицирања, општините во државата ќе имаа можност за реализирање на нови улици, канализацииона и водоводна мрежа, училишта, градинки и други проекти. За ваквиот повик, владата инвестира 250 милиони евра и ги покани сите општини да се вклучат во оваа апликација.
Лаура Стојанова, М-Нет