Предвремено заврши бербата на грозје, сушна година – цени има, ама грозје слабо

Ако некогаш се чекаше септември за да почне сезоната на гроздоберите, оваа година на почетокот на септември лозјата се веќе празни. Произведувачите на грозје велат дека заради високите температури летниот период грозјето веќе е обрано. Ако од годините претходно се бележеле по три до четири последователни дена со температури над 38 степени, годинава се регистрирани дури 12 до 15 дена. Ова придонесе и за намалување на количината на грозје, па ако пред три години од едно лозје се береле по шест тона, денеска има едвај тон ипол велат земјоделците.

„Оваа година, ниту една година јас не памтам дека по 12 до 15 дена температурата е била над 38 степени. Вакви високи температури е имало само по три дена.“ – велат земјоделците.

Дополнителен проблем е наводнувањето, ако во близна на лозјето има вода тоа значи дека квалитетот и квантитетот на грозјето ќе биде задоволителен. Во споротивно се намалува и количината и квалитетот., односно блажината.

„Секое лозје треба да се наводнува, оти нема доволно дождови овде.“ – додаваат граѓаните.

Инаку, откупните цени годинава изнесуваат 18,30 денари за „смедеревка“ со 17 шеќерни единици и 20,80 денари за „вранец“ со 19 шеќерни единици. Но, и покрај повисоката откупна цена нема доволно грозје.

Лаура Стојанова М-Нет