
Високите цени на денешиот пазарен ден ги загрижи граѓаните на Штип. Иако развдиженост имаше, сепак побарувачката на производите беше во помала количина. За продавачите цените се реални и едногласно велат дека според скапите препарати, сушата, летните температури и слабиот производ нормално е покачувањето на истите споредбено со изминатата година.
“Везен пипер 70, модар патлиџан 20, бел пипер 70. Не е исплатливо, бидејќи препаратите се скапи”, истакнаа граѓаните
Скапо е до плафон, велат купувачите и согласни се дека зимници нема да се прават. Истакнаа дека за да се направи само ајвар потребно е да издвоат од своите примања 6 000 денари.
„За нашите услови е скапо. Патлиџани, пиперки, краставици, под цена 70,80,100.“,велат граѓаните
“Пипер, Патлиџани, везен пипер, многу убав за 120 денари. Немаме услови да правиме зимница“, додаваат граѓаните
Овој петок побарувачка имаше на доматот, краставицата и везениот пипер кој речиси скору секој го купуваше, а започна и сезоната за продажбата на корнишони кој се познати за периодов.
Лаура Стојанова, М-Нет