Општество без стереотипи – дводневна виничка ликовна колонија

Традицијата за имплементација на општевствена свест без стереотипи и предрасуди. Oрганизирано и успешно со години опстојува во Општината Виница. Почнувајќи од 2010 година и годинава под по различни услови. Искористувајќи го сончевото време под отворено, музеј „Теракота“ во соработка со Дневниот центар за лица со посебни потреби, организираше  дводневни  заеднички активности.

“Едукативна ликовна колонија со лица со посебни потреби” изминативе два дена  дава  една поинаква димензија во локалниот  живот. Организаторот музеј „Теракота“ во соработка со дневниот центар за лица со  посебни потреби, организираа  заеднички активности за дружење и едукација  во време на Пандемија. Имајќи ја во предвид состојбата на лицата со посебни потреби, кои во период на здравствена криза доживуваа поголем интензитет на стрес во практикувањето на новото нормало. Оваа активност им значи  зголемување на ентузијазмот и  мотивација за творење. Освен наставниците од основните училишта , волонтерите во црвениот крст од Виница  голем број на обични граѓани, учествуваа и денес на ова своевидно дружење. Од кое произлегува пораката сите сме различни, а сепак  еднакви.


Ликовната колонија се организира во период од 10:30 – 14:30 часот на локација во паркот до Хотел Александар Парк во Виница. На отворен простор со запазување на сите мерки за држење дистанца и почитување на протоколите и мерките за заштита, за работа во услови на пандемијата со Ковид -19.
Целиот овој проект е финансиран од страна на Министерството за Култура.

Маре Стојилова / М Нет

Дарко Лазев / М Нет