Фудбал: Трета лига – Исток празничното 3 коло ќе се одигра утре, Петок

Утре, петок фудбалските третолигаши од групата Исток ќе ги одиграат натпреварите од вонредното 3 коло а во недела на програмата ќе бидат натпреварите од 4 коло. Празничното коло го привлекуваат неколку натпревари од кои најзначајни се гостувањата на Хоризонт на Малеш во Берово и средбата во Делчево Брегалница – Овче Поле од Свети Николе. Еве ги комплетните парови за ова трето коло:

Малеш – Хоризонт

Брегалница – Овче Поле

Чешиново – Василево

Раклиш – Работник

Спартмани – Тиверија

Карбинци – Детонит

Сите натпревари ќе се одиграат во петок 23 октомври со почеток во 14.30 ч. без присуство на публика.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk