Онлајн настава за паралелка од ООУ „Ванчо Прке“ поради ковид – позитивна ученичка

Онлајн настава следи една паралелка од ООУ „Ванчо Прке“ почнувајќи од денес. Ваквата одлука била како резултат на потврдена позитивна ученичка во одделението кое ја користело и спортската сала.

„Бидејќи ние цело време апелираме да се почитуваат протоколите, меѓутоа не можеме да водиме евиденција за тоа како родителите ги испраќаат своите деца на училиште. Сето ова е од негрижа на еден родител, да затвориме една паралелка, да пратиме дома 14 ученика во изолација. Станува збор за ученик во подрачното училиште кој беше во изолација. Меѓутоа, неговата сестра посетувала настава во централната зграда, па за време на празникот моравме да ги преземеме сите мерки, од денес овие ученици да останат дома и да преминат на онлајн настава“, истакна директорот на училиштето, Методи Папаров.

И суспектниот наставен кадар од ова училиште е потврден како позитивен. Заразените се во изолација, па сега наставата ја држат онлајн.

„Имаме две наставнички од предметна настава и една наставничка од паралелките за ученици со посебни потреби и една наставничка е професор од предметна настав“, додаде Папаров.

Претходно беа потврдени позитивни ученици и во други училишта од Штип, две основни и две средни.

Ребека Спасова МНет