
Околу 350 пензионери се запишани за испорачување на дрва. До овој момент околу 95% од порачките се испорачани на пензионерите до своите домови. Нетков, претседателот на здружението за пензионери Штип истакна дека цената на дрва за разлика од минатата година е скромно пониска, но сепак сеуште е висока за пензионерскиот стандард.
„Во однос на дрвата веќе дрвата ги испорачавме до нашите пензионери. Имавме запишано околу 350 пензионери, веќе испораката во 95% е завршена до сите наши членови.“- изјави Нетков
Цената на дрвата која ја плаќаат пензионерите изнесува 4350 денари за буково дрво и 4500 денари за даб по метар просторен.
„Цената за разлика од минатата година е скромно пониска. Меѓутоа за жал морам да потенцирам дека таа сеуште е висока за пензионерскиот стандард. Буковото дрво се движи со цена од 4350 денари, а дабот 4500 денари по метар просторен. Па знаејќи нашиот статус на пензионерите и примањата ние ова година овозможивме на нашите членови тие да имаат едно продолжено плаќање на рати. Веќе од оваа година да плаќаат на рати почнувајќи од месец февруари до пред Нова Година до декември.“ – додава Нетков
Годинава пензионерите имаат можност да имаат продолжено плаќање на рати во однос на статусот на пензионери и примањата. Плаќањето на рати се одвива од месец февруари до пред Нова Година односно декември.
Лаура Стојанова, М-Нет